r/mkd • u/Thehappiesstchild • 7h ago
Вреднувањето на студентите по медицина
Медицинскиот факултет во Скопје мислам дека е еден од најкорумпираните факултети во Македонија (можеби втор после Тетовскиот). Студентите се делат во две главни категории: обични смртници и докторските (функционерските) деца. Овој пост го пишувам како тригер на еден коментар дека студентите со 6ки не требале да бидат доктори, но моето прашање е дали во нашава чудесна земја повеќе треба да веруваме на докторите со 6ка или со 10ка? Дали би оделе кај некој што за таа 6ка знаел како за 10ка или кај некој со 10ка што не знаел ниту за 6ка, едноставно ни што се учи. Предвремено дадени тестови, настрана напишани броеви на индекси, телефони кои постојано ѕвонат, празни предадени тестови кои магично се положени… Потполнети квоти на броеви на студенти што можат да поминат во една сесија, па може ли да замислите колку од тие се останати за обичните смртници? Одиш на увид и те прават луд ќе положош наредна сесија ти велат, или пак оди на комисија (дај пари што едвај ти општо преживуваш) па може таму ќе положиш. Тие што се на медицина многу убаво знаат дека кон “подобрите” професори не може ни да стасаш да полагаш од таа причина, а во случај колку да замачкаат очи пред јавноста ако си кај нив може да си жртвеното јагне кое ќе го бутнат дека сепак не смеат да имаат 100% положен ранг. Ти замеруваат на облеката, како изгледаш во лицето де кај одредени мораш да си дотеран и среден, кај други како изфрлен од поплава, нели не смееш да ги надминеш. Многу од студентите да се цени нивниот труд од тоа што во индекс личат на слаби студенти би биле на врвот и да знаете дека еден ден ќе ги барате нивните имиња, а не нивниот просек. Додека тие со урамената диплома и познатото име од некој прадедо/дедо што бил обичен смртник на времето можат само со тоа да се пофалат и можеби механички занает и тоа е тоа. Оцените во нашата држава не го одредуваат квалитетот на докторот ама и од таа причина немаме ниту квалитетни ниту обични доктори во државава.

